spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: “Управување на квалитетот на воздухот за селектирани прагови во Западен Балкан”

МЖСПП: “Управување на квалитетот на воздухот за селектирани прагови во Западен Балкан”

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање, Христина Оџаклиеска вчера оствари средба со тимот од Светска банка, со цел запознавање на претставниците од МЖСПП со целта на проектот “Управување на квалитетот на воздухот за селектирани прагови во Западен Балкан”, во рамките на Регионалната програма за техничка поддршка. Во овој проект, освен Република Северна Македонија, вклучени се и Република Косово и Босна и Херцеговина. Проектот ќе трае до март 2024 година.

Од страна на претставниците на Светска банка, на денешниот состанок беа презентирани предлог активностите за овој проект, кои се однесуваат на поддршка во понатамошен развој на мерките дефинирани во Локалните планови за подобрување на квалитетот на воздух во областа на енергетиката.

Активностите се во насока на намалување на емисиите на цврсти честички од согорување на горива во домаќинствата, зголемување на синергијата со мерките за подобрување на енергетска ефикасност, инвентаризација на уредите за греење и пофункционално спроведување на субвенции во овој сектор. Воедно, се разговараше и за можностите за примена на модели за идентификација на изворите на загадување и за проценката на влијанието на спроведните мерки врз квалитетот на воздухот. Беше предложено и да се направи детална функционална анализа на МЖСПП и останатите релевантни институции за спроведување на директивите за воздух.

Во рамки на проектот ќе се одржуваат и обуки на национално и регионално ниво со цел зајакнување и капацитетите на централно и локално ниво во областа на управување на квалитетот на воздухот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте