spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМП: Соопштение

МП: Соопштение

Почитувани,

 

Во врска со случајот  со Барлет Џафери кој го водеше Државната комисија за спречување на  корупција  Ве информираме дека согласно евиденционата тетратка за положени кандидати што се води во Министерството за правда и е од трајна вредност, лицето Барлет Џафери има положено правосуден испит на 05.02.2015 година. Потписот за полагање на правосуден испит го ставил министерот за правда кој ја извршувал функцијата во 2015 година.

Во врска со наводите на ДКСК за немањето документација за положен правосуден испит на Џафери, Ве информираме дека согласно член 27 од Уредбата за канцелариско и архивско работење (“Службен весник на РМ”,  бр.01/14), министерот за правда секоја година носи листа на документиран материјал со рокови за негово чување за потребите на Министерството за правда.

Во однос на рокот за чување на документацијата во Министерството за правда, досегашната пракса била документите на кандидатите односно барањата и другата пропратна  документација на кандидатите за полагање правосуден испит да се чуваат една година.

Со цел надминување на евентуалните можни злоупотреби околу полагањето на правосудниот испит, Министерството за правда ја разгледа можноста за електронско пријавување на правосудниот испит преку Националниот портал Е-услуги. На тој начин кандидатите ќе ги поднесуваат своите документи по електронски пат.

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте