spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаБесими: Борбата со сивата економија ќе биде бескомпромисна

Бесими: Борбата со сивата економија ќе биде бескомпромисна

Министерот за финансии Фатмир Бесими во интервју за ДВ уверува дека Буџетот што го скроил за наредната година не е преамбициозен. Ќе успее ли да го наполни без презадолжување?

Македонската економија и во наредната година ќе се движи по патеката на фискална консолидација. Една петтина од средствата во државната каса, која тежи рекордни 5,3 милијарди евра, се предвидени за антикризни мерки и инвестиции. Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека предложениот Буџет ќе обезбеди развој и енергетска стабилност и најавува нови платформи за поповолно и поефикасно задолжување. Ќе има и проширување на даночната основа, но како таа ќе изгледа сѐ уште не открива.

 

ДВГосподине Бесимиво Предлогбуџетот за наредната година предвидувате околу 250 милиони евра помош за граѓаните и стопанствотоОд кога и на кој начин ќе се делат овие средства?

Фатмир Бесими: Со Предлог-буџетот за 2023 година обезбедуваме соодветен одговор на предизвиците коишто глобалната енергетска и ценовна криза би ги донеле следната година. Станува збор за посебна програма во Буџетот од околу 250 милиони евра. Предвидени се околу 10 милијарди денари за мерки за поддршка на ранливите категории граѓани и најпогодените сектори во економијата (за 3 милијарди денари повеќе во однос на ребалансот годинава). Дополнително, предвидени се 4,6 милијарди денари за поддршка на енергетскиот сектор за зголемување на производство на електрична енергија од домашни капацитети. Најважно е за граѓаните и стопанството да обезбедиме сигурно снабдување со електрична и топлинска енергија, оттаму продолжуваме со поддршката што ја дадовме во електро-енергетскиот сектор во текот на минатата и оваа година, која се проценува на околу 300 милиони евра. Со средствата предвидени за антикризни мерки издвојуваме еден заштитен слој, од кој во текот на годината ќе се носат соодветни антикризни политики и мерки, согласно движењата и потребите. Во изминатите три години фискалната политика даде соодветен одговор на предизвиците што ги донесе пандемијата предизвикана од ковид-19, а потоа и енергетската криза и ефектите од продлабочувањето на геополитичките тензии и војната во Украина. Како резултат на овие политики, ударот врз економската активност беше повеќекратно амортизиран. Ова беше препознаено и во извештаите на меѓународните финансиски институции.

ДВОвие пари се дел од Буџетот кој тежи рекордни безмалку 5,3 милијарди еврасо рекорден дефицит од близу 700 милиони евраПредвидувате повисоки расходино и повисоки приходиОд каде толкав оптимизам дека ќе успеете да соберете 4,6 милијарди евра?

Фатмир Бесими: Би сакал веднаш да ве коригирам за дефицитот, бидејќи не е точна констатацијата дека е рекорден. Од пандемијата наваму, односно од 2020 година па секоја следна година, го стеснуваме буџетскиот дефицит. Тоа е согласно нашата определба за фискална консолидација, односно постепено намалување на дефицитот – или јазот помеѓу приходната и расходната страна во Буџетот, без притоа да влијаеме негативно врз економската активност. И со овој Предлог-буџет го стеснуваме буџетскиот дефицит, односно тој е за 0,7 процентни поени понизок во однос на проекцијата за тековната година или 4,6% од БДП. Нашата заложба е на среден рок, што би значело во следните неколку години, буџетскиот дефицит да го сведеме под 3%, односно под Мастришкиот критериум. Ова е во согласност со нашите залагања за одржливост во јавните финансии. Буџетските приходи за следната година се проектирани на ниво од 282,1 милијарда денари. Оваа проекција се заснова на реализацијата на приходите во тековната 2022 година, очекувањата за економскиот раст, како и на подобрувањето на ефикасноста и ефективноста на системот за наплата на јавните приходи.

Ќе истакнам, борбата со сивата економија ќе биде бескомпромисна, а планирани се мерки и активности во насока на намалување на даночната евазија. Наша цел е дигитализација и поедноставување на процесите, оттаму предвидовме и мерки за воведување напредни технологии во наплатата на јавните давачки, како и модернизација и автоматизација на работните процеси. Ќе се работи на зајакнување на капацитетите на институциите за прибирање приходи, зголемена и поефикасна наплата на даночните приходи, како и зајакнување на институционалната координација. Исто така, важен чекор е и подобрувањето на постојната даночна регулатива и обезбедување праведен и ефикасен даночен систем во земјава.

ДВДали можеби на некој начин играте и на картата на повисока инфлацијапа оттука да има и поголеми приходи во државната каса?

Фатмир Бесими: Сите релевантни меѓународни и домашни финансиски институции проектираат дека догодина инфлацијата ќе забави, како глобално така и во нашата економија. Така, Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд проектираат двојно пониска инфлација догодина во однос на годинава, или ако проекциите за годинава им се 12,1% и 10,6%, респективно, за следната веќе ги намалуваат на 6,1% и 4,5%. И најновите проекции за движењата на светските пазари се дека ценовните притисоци постепено ќе се намалуваат, бидејќи се очекува дека цените на храната и нафтата ќе забележат пад во текот на наредната година.

ДВПензиите и платите ќе растатвклучително и минималецотДали мислите дека е правилна политика во време на висока инфлација да има зголемувањепосебно на минималецот?

Фатмир Бесими: Економската теорија вели дека секое зголемување на платите, ако притоа нема зголемена продуктивност, ќе предизвика инфлаторни притисоци, што во услови на ценовни притисоци дополнително може да влијае врз инфлацијата. Но, од друга страна, кога станува збор за пораст, особено на минималната плата, тоа треба да се гледа и во еден друг контекст, како поддршка во овие услови на ваква криза. Затоа, за да се изменаџира овој процес и за да не се влегува и во иднина со нереални и неиздржани барања, воспоставивме систем во Законот за минимална плата. Согласно системското решение, минималната плата ќе се усогласува со трошоците за живот и со порастот на просечната плата, еднаш годишно. Ова е системско и праведно решение, кое е и во насока на одржување на стандардот на граѓаните.

ДВДали и што од даночната реформа што се заговара е предвидено во буџетските проекции?

Фатмир Бесими: Даночната реформа што ја започнавме, а која се темели на донесената Стратегија и претставува само една фаза од неа, е во насока да обезбеди праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем, кој, пак, ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Концептот предвидува етапно спроведување на предвидените предлог-решенија. Така, во 2023 година, во проекцијата на вкупните даночни приходи, кои се на ниво од 162,6 милијарди денари, се вклучени и очекуваните фискални ефекти од имплементацијата на даночните реформи кај ДДВ, данокот на добивка и данокот на личен доход. За појаснување, да не стане забуна, не станува збор за воведување нови даноци туку за проширување на даночната основа и ревидирање на даночните ослободувања. Во моментов во Министерството за финансии се одвиваат завршни консултации за предлог-решенијата и набргу ќе информираме подетално.

ДВЈавниот долг продолжува да растеТоа не е проблем и е нормално, повеќе или помалку, за сите економииНо нели е загрижувачки за нашата економија која креира многу скромен растСвоевремено беше опасно да се надмине 5 милијарди евра јавен долга сега веќе сме на ниво од 7,3 милијарди?

Фатмир Бесими: Кога зборуваме за јавниот долг треба да се земат предвид неколку работи: која е намената, условите и севкупната одржливост за сервисирање на долгот, односно капацитетот на економијата да ги враќа заемите. Веќе е познато дека поради кризата јавниот долг порасна кај многу земји што произлезе од потребата за водење поекспанзивна фискална политика. Долгот за време на пандемијата забележа високи стапки на раст, како кај дел од развиените така и кај повеќето економии во развој. Кај нас, како резултат на силниот фискален одговор за време на пандемијата, јавниот долг порасна за десетина процентни поени. Сепак, веќе следната година се забележа стабилизација на овие движења, за да годинава, согласно последните податоци за третиот квартал од 2022 година, нивото на јавниот долг изнесува 58,6% од БДП, односно под Мастришкиот критериум, додека државниот долг изнесува 49,8% од БДП. Владата и Министерството за финансии транспарентно и одговорно управуваат со јавните финансии, внимавајќи на цената на вкупното портфолио на јавниот долг и на рочноста.

Во однос на ефикасноста во врска со користењето на средствата, ќе нагласам дека најголем дел од нив беа насочени кон финансирање на антикризните мерки, како и поттикнување на економската активност преку јавните инвестиции и поддршка на приватниот сектор. Значајно е да се истакне и каматата што е постигната за овие задолжувања. Така, во 2021 година беше издадена еврообврзница со историски најниска каматна стапка од 1,625%. Годинава, пак, иако имаме енормно високи цени на финансиските пазари, го заокруживме финансирањето со просечна каматна стапка од 3,2% и направивме заштеди само врз основа на каматата од 40 милиони евра на годишно ниво. Нашата заложба за одговорно и отчетно управување со јавниот долг се гледа и преку новиот Закон за буџети, со кој се воведуваат фискални правила за јавниот долг и за дефицитот, а се уредува и воведување независно тело, Фискален совет, кое ќе го надгледува спроведувањето на фискалните правила.

ДВЌе имаме ли способност да го сервисираме долготСо што ќе се враќаат доспеаните кредити кога сме сведоци дека домашната економија создава многу мала додадена вредност?

Фатмир Бесими: Буџетот е ликвиден и сите обврски по политиките што се содржани во него и кои произлегуваат од долг и од домашни и надворешни извори редовно и навремено се сервисираат. Со таква определба продолжуваме и во наредната година. Потврда за соодветните економски политики е и одлуката на Бордот на директори на ММФ да ѝ дадат пристап на нашата држава до 530 милиони евра преку Инструментот за претпазливост и ликвидност – ПЛЛ, кој се доделува само на економии со здрави економски фундаменти, за кои се очекува дека ќе водат здрави економски политики и во следниот период. Тоа е големо признание за економските политики што ги спроведува Владата. Воедно, ова е и добар сигнал за инвеститорите.

ДВКаде има простор за да поволно се задолжимеСведоци сме на предупредувања дека изворите стануваат сѐ поскапи?

Фатмир Бесими: Политиката што ја спроведуваме во однос на обезбедување на финансирањето на буџетскиот дефицит и отплата на надворешниот и домашниот долг е средствата да се обезбедуваат по најповолни услови. Годинава, кога цената на капиталот на финансиските пазари стана висока, имавме поголема комоција поради депозитот што го издвоивме минатата година. Тоа ни остави простор да ги следиме состојбите и да излеземе на пазарот на капитал, во време кога условите беа најоптимални за нас. За следната година проектирано е задолжување на домашниот пазар од 33,6 милијарди денари. Средствата се планира да се обезбедат под поволни услови, а ќе се премине и кон нова посовремена платформа за спроведување на примарните емисии на државните хартии од вредност – Блумберг (Bloomberg), со што ќе се овозможи зголемено учество на странските инвеститори на домашниот пазар. Задолжувањето во странство предвидено е да се реализира со издавање должнички хартии од вредност на меѓународниот пазар на капитал, како и преку повлекување транша од веќе одобрената Линија за претпазливост и ликвидност од ММФ – ПЛЛ, но и со средства од поволни, развојни кредити од странски финансиски институции и кредитни линии наменети за проектно и тековно буџетско финансирање. Секогаш при избор на изворот за финансирање сѐ детално се анализира. Тоа беше применето и оваа година, со што за првпат беа издадени и хартии од вредност на германскиот пазар, познати како „Namensschuldverschreibungen“, односно НСВ (NSV). Како дел од напорите за прудентно управување со јавните финансии, ќе ја разгледаме и можноста за активно управување со должничкото портфолио преку операции на предвремен откуп на долг. Со цел постојано унапредување на финансискиот пазар на државни хартии од вредност и следење на светската практика, Министерството за финансии работи и на диверзификација на изворите на финансирање и воведување нови видови финансиски инструменти кои ќе имаат различна примена. Станува збор за „развојни обврзници“, „зелени обврзници“, „проектни обврзници”, како и „развојни обврзници за граѓани“.

ДВКапиталните инвестиции што ги проектирате за 2023 година се највисоки досегаречиси 800 милиони евраЌе станеме ли конечно сведоци тие да се исполнат во целостоти знаеме како и во колкав обем досега се реализираат?

Фатмир Бесими: Буџетот за 2023 година е креиран согласно златното правило во јавните финансии, што значи дека расходите за капитални инвестиции се на повисоко ниво од дефицитот. Тоа ја покажува развојната компонента на Буџетот и нашата определба за забрзување на економскиот раст на среден рок. Во последните две години реализацијата на капиталните расходи достигнува околу 80%, што во основа е помеѓу подобрите реализации на проекцијата за капиталните расходи во изминатите години. Но, исто така, значајно е дека и сумата како апсолутна бројка расте. Така, реализацијата се движи од 17 милијарди денари во 2016 година и достигнува 23,4 милијарди денари во 2021 година, а со ребалансот за 2022 година се предвидени 32,2 милијарди денари. Реализацијата на капиталните расходи во 2022 година е над 50%, а со оглед на практиката во последните месеци од годината реализацијата да забрза, истото го очекуваме и оваа година.

Се очекува позабрзана динамика на реализација на железничката пруга кон Бугарија како дел од Коридорот 8, потоа на патните правци од Коридорот 8 Кичево – Букојчани, Струга – Ќафасан, Гостивар – Кичево, Прилеп – Битола, а и енергетските проекти поради кризата добиваат забрзана динамика. Воведениот механизам КАПЕФ е исто така мотивирачки инструмент за да буџетските корисници ги реализираат инвестициските проекти. Како што е познато, тој се применува веќе втора година и со него институциите што реализираат инвестиции добиваат повеќе средства, додека на оние што не ги исполнуваат поставените критериуми им се одземаат средствата од тие ставки. Исто така, новина којашто е во насока да се забрза реализацијата на проектите и е предвидена согласно новиот Закон за буџети е воведување нова организациона единица за оцена на инвестициите, во рамки на Министерството за финансии – ПИМА. Сите буџетски корисници при подготовка на Буџетот ќе треба да достават предфизибилити или физибилити студија до Министерството за финансии за сите нови предлози за поголеми инвестиции. На ниво на Влада е предвидено да дејствува и Управен комитет кој ќе го утврдува приоритетот на проектите за финансирање. Со Планот за забрзан раст е предвидено спроведувањето на проектите да го вршат постојните единици за спроведување проекти – ЕСП (PIU), а може да се воспостават и дополнителни единици за спроведување проекти за одредени нови проекти. Проектите од највисок приоритет ќе бидат помогнати од страна на Единицата за координација на инфраструктурни проекти, при што единиците за спроведување проекти – ЕСП (PIU) ќе имаат поддршка од неа преку заедничко решавање на прашањата во врска со одредени предизвици, додека Единицата директно ќе го известува претседателот на Владата и ќе врши холистичко мерење на напредокот и на резултатите. Сето тоа ќе биде еден механизам којшто треба да даде резултати.

ДВМинистерот за финансии е „чувар на државната каса“. Можат ли граѓаните да бидат мирни дека ќе има доволно за да се преживее наредната година?

Фатмир Бесими: И во време на најголемата светска економска криза, од Големата депресија наваму, односно кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19, докажавме дека сите обврски непречено и навремено се сервисираат. Ќе кажам дури и предвреме, бидејќи во време на пандемијата пензиите започнаа да се исплаќаат пред да заврши месецот. Имаше средства и за антикризни мерки, за поддршка на граѓаните и фирмите. Исто така, обезбедивме средства за покачување на платите и пензиите, како и за поддршка на стопанството и неговата конкурентност преку низа политики и субвенции. Ова е најдобриот показател за капацитетот на оваа администрација за справување со криза од огромна димензија.

 

Deutsche Welle

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте