Министерството за информатичко општество и администрација активно се приклучи кон мерките за заштеда на електрична енергија за добробит на граѓаните и воопшто на целата држава.
Во месец октомври, МИОА има направено заштеда од 55 % на електрична енергија и тој тренд сигурни сме дека ќе продолжи.
Тоа ни го покажува заложбата на сите вработени во министерството, кои се согласни дека ова е единствениот начин за да се помине зимскиот период.
Затоа, апелираме на солидарност и на штедење на електрична енергија без исклучок.
Свесни сме дека на овој начин ќе придонесеме за полесно остварување на стабилен енергетски систем.
Со заштедата на електричната енергија си помагаме себеси и на државата.
Само со заеднички заложби и активна посветеност, ќе имаме стабилен енергетски систем.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација