spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Им даваме силна поддршка на жените за нивна поголема интеграција на...

МТСП: Им даваме силна поддршка на жените за нивна поголема интеграција на пазарот на трудот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на тркалезната маса организирана од страна на Управата за јавни приходи, по повод Денот на даночните работници. На тркалезната маса присуствуваа и сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Георгиеска, Амбасадорот на Република Словенија, Милан Предан, директорката на Управа за јавни приходи, Сања Лукаревска, претставници од другите релевантни институции како и претставници од приватниот сектор.

 

„Се гордеам што се зголемува бројот на успешни жени коишто се вклучени во раководењето со компании во реалниот сектор и тоа голем дел од нив на големи успешни компании, кои со својот пример поставуваат нови правила на игра и ги мотивираат и останатите жени на борба, на истрајност и на одлучност во приватниот сектор“ рече Тренчевска на почетокот од своето обраќање.

Таа посочи дека видливи се промените кои доаѓаат, подобрената позиција на жените и рамноправноста во сите сфери на живеењето. Исто така министерката додаде дека од особена важност и за Владата на Република Северна Македонија и за Министерството за труд и социјална политика е економското зајакнување на секоја жената.

„За околу 2 години токму преку мерките од Оперативниот план се вработиле 3370 жени, а со вештини и квалификации барани на пазарот на трудот се стекнале 6035 жени, односно речиси 10.000 жени се вработени или работно- оспособени. Грантовите за самовработување се едни од најатрактивните мерки кои од година во година се повеќе ги користат жените“ истакна Тренчевска.

Министерката се осврна и на новиот предлог Закон за работни односи кој е насочен кон подобрување на правата и состојбата на работниците. Таа посочи дека со законот е предвидено воведување на татковство, што претставува нова форма на отсуство која ќе овозможува можност за отсуство и на таткото со цел грижа на детето.

На крајот од своето обраќање Тренчевска посочи дека како и досега Владата ќе продолжи со заложбите за овозможување на поволна бизнис клима особено со акцент на жените.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...