spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Поддршка за лицата со попреченост

Карпош: Поддршка за лицата со попреченост

По повод одбележување на Светскиот ден на лицата со попреченост (3. декември), денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски во својот кабинет оствари средба со претставници на лицата со пречки во развојот, кои воедно се и жители на општина Карпош.

Во оваа пригода, првиот човек на локалната самоуправа низ дијалог се запозна со потребите кои ги имаат граѓаните од оваа категорија, како и со нивната иницијатива за подобра инклузија во образованието и социјалниот живот.

Притоа Јакимовски изрази широка поддршка за системско унапредување на правата на лицата со попреченост, при што напомена дека Општината се труди институционално да ги отстрани бариерите со кои се соочуваат тие. Во таа насока, локалната самоуправа поддржа отворање на сензорни соби во неколку основни училишта на своја територија,  пушти во употреба две детски инклузивни игралишта во населбите Карпош 2 и Влае 2 и изгради повеќе пристапни рампи на разни локации низ Карпош.

 

  • Ние постојано се грижиме за оваа категорија на граѓани, на начин што настојуваме да го олесниме нивното движење и се залагаме да им овозможиме адекватни услови за нивниот образовен процес. Општина Карпош секогаш ќе им помага на лицата со попреченост, за да можат полесно да се адаптираат и да бидат активни чинители во општествениот живот – додаде Јакимовски.

 

Како дел од програмските активности на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, локалната самоупрвава традиционално и оваа година ќе им исплати еднократна финансиска помош од 3.000 денари, на сите лица со попреченост кои се жители на Карпош.

 

Прочитајте

МП: Министерот Филков оствари средба со амбасадорот на Република Чешка, Јарослав...

0
Амбасадорот Лудва ја потенцираше поддршката на Чешка за интеграција на нашата држава во ЕУ.На средбата се дискутираше за повеќе теми од заеднички интерес, со...