Студентите од Правниот факултет при Универзитетот ФОН беа во посета на Министерството за информатичко општество и администрација и министерот Адмирим Алити, каде одблиску се запознаа со нашата работа и политики како министерство.
Министерот Алити ги информираше студентите дека МИОА е креатор на политики и носител на значајни процеси во областа на дигитализацијата, јавната администрација и медиумите, при што нагласи дека плановите и стратегиите во кои моментално сме ангажирани, се суштински и одлучувачки за интеграцијата на земјата во Европската Унија.
,,Со убедување дека младите и студентите се надежта на земјата, посакав секој од нив во иднина да може да придонесе за општото добро на општеството и државата, затоа им посакав успех во студирањето и градењето на нивните кариери , притоа потенцирајќи дека вратите на институцијата се секогаш отворени за студентите и за универзитетите“, рече министерот Адмирим Алити.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација