spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Известување

МИОА: Известување

Во процесот на креирање успешна Стратегија за сајбер безбедност, постои потреба од дефинирање на безбедносните цели и одредување дали одговорностите се соодветно доделени во одржувањето на безбедноста и градењето на сигурен Интернет за државата и нашите граѓани.

За да имаме успешна стратегија, потребно е истата да се креира во партнерство и во согласност со сите засегнати страни.

Ве потсетуваме, дека МИОА како надлежна институција за  процесот на изработка на Националната Стратегија за сајбер безбедност,  изработи документ за дискусија на платформата ЕНЕР на следниот линк

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails&detalisId=45

Станува збор за идната Национална Стратегија за сајбер безбедност  2023-2026. Целта е да се отпочне со отворена дискусија и да се чујат ставовите на сите засегнати страни, што ќе придонесе да се постигне значителен напредок на полето на сајбер безбедноста, а тоа ќе води и кон поголем просперитет на Република Северна Македонија на истото поле.

Сајбер безбедноста е важна за сите и затоа е важно да се чујат ставовите на малите, средните и големите бизниси, на индустриските тела, академијата, невладините организации, владините агенции, групи на заедницата и членови на јавноста.

Во содржината на објавениот документ, со цел да ги осознаеме Вашите мислења и идеи на оваа тема, отвараме неколку теми и прашања за кои се надеваме дека ќе го дадете Вашиот придонес и ги споделите со нас Вашите одговори.

Само со заедничка тесна соработка на Владата, академијата, индустријата и граѓанските заедници може да се зајакне сајбер отпорноста на национално ниво и да се обезбеди просперитет и заштита на онлајн интересите на сите.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

Македонски Брод: Реконструкција на улицата “Васко Карангелески” и “Илинденска”

0
Активностите за реконструкција на улица “Васко Карангелески” и улица “Илинденска”, кои се наоѓаат во централното подрачје на градот, се во завршна фаза.     ...