spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПоддршка од Европскиот Парламент за брзо чекорење кон ЕУ

Поддршка од Европскиот Парламент за брзо чекорење кон ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ  во Брисел оствари средба со европратениците, членови на групата на социјалисти и демократи, Тајс Ројтен, Евин Инчир, Андреас Шидер, Матјаж Немец и Педро Маркез.

На состанокот беше потврдена континуираната и гласна поддршка за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ од европските социјалисти и социјалдемократи.

– Ги делиме истите вредности и важно е за нас да имаме пријатели во европските институции кои се залагаат за нашето пристапување во ЕУ, но и на целиот регион. Северна Македонија е докажан кредибилен партнер на ЕУ, а на нас останува да ја продолжиме соработката и да ја потврдивме европската перспектива, рече Маричиќ на состанокот.

Европратениците истакнаа дека во клучен момент Северна Македонија и Албанија ги започнаа преговорите, и дека сега е најважно да се има јасен план според кој ќе се течат реформите и според кој ќе може да се очекува следното проширување на Унијата.

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ на средбата ги брифираше европратениците за текот на скрининг процесот и за улогата на македонскиот Парламентот во преговорите, а во таа насока европратениците посочија дека е сега треба да се покаже активност на Дијалогот Жан Моне и да се направи напредок.

– Нашата подготвеност и темпото на одвивање на скрининг процесот, заедно со поддршката која ја имаме мораме мудро да ја искористиме и да ја претвориме во успешна приказна. Немаме друга алтернатива и затоа треба да го искористиме моментум и со брзи чекори да напредуваме кон полноправно членство во ЕУ, посочи Маричиќ.

На средбата беше разговарано и за неодамна усвоениот Извештај подготвен од европратеникот на социјалдемократската партија (S&D), Тонино Пицула, во кој има план за новата стратегија за проширување со јасен рок: пристапните преговори за земјите кои преговараат со ЕУ да завршат до крајот на 2030 година.

Маричиќ оваа средба ја реализираше во рамки на неговата дводневна посета на Брисел, каде престојува поради одржување на билатералниот скрининг за Поглавје 23, „Правосудство и фундаментални права“, кое продолжува утре на темите фундаментални права и судство.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...