spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАФПЗРР: Исплатени се над 55 милиони денари за две подмерки од Интервентниот...

АФПЗРР: Исплатени се над 55 милиони денари за две подмерки од Интервентниот фонд

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи и финансиска поддршка за произведена и предадена слива.

-Исплатени се 41.691.315,00 денари кон 1.630 корисници на подмерката за финансиска поддршка за произведена и продадена зелка кај регистрирани откупувачи за период од 13.04.2022 година до 07.05.2022 година.
Корисници на оваа подмерка се регистрираните земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат производство на зелка и истата ја имаат предадено на регистрираните откупувачи запишани во Регистерот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во МЗШВ, и тоа за максимална предадена количина на зелка од 30.000 кг по хектар пријавена површина. Висината на финансиската поддршка изнесува 3 денари по килограм произведена и продадена зелка.

-Исплатени се 13.329.398,00 денари кон 478 корисници на подмерката за финансиска поддршка за произведена и продадена слива кај регистрирани откупувачи за период од 20 август 2022 до 30 септември 2022 година .
Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои во производната 2022 година имаат овошен насад од слива и истата ја имаат предадено на регистрирани откупувачи запишани во Регистерот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во МЗШВ , и тоа за максимална предадена количина на сливи од 17.000 кг по хектар пријавена површина. Висината на финансиската поддршка за откупена слива во месец август изнесува 2 денари по килограм , а во месец септември изнесува 4 денари по килограм.

Грижата за земјоделците останува во нашиот фокус, а крајната цел е зголемено домашно земјоделско производство. – истакна директорот Бачовски.

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Прочитајте

МЕТ: Дурмиши – Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации,...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата...