spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Работен состанок со Генералниот секретар на Владата

ДКСК: Работен состанок со Генералниот секретар на Владата

На 24 ноември 2022 година, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одржа работен состанок со  Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија  Методија Димовски.

Состанокот се одржа на иницијатива на ДКСК, а заради преземање на конкретни активности во однос на актуелни теми и надминување на предизвиците.

На состанокот, ДКСК го информираше Генералниот секретар Димовски за новото софтверско решение за Регистарот на избрани и именувани лица и за подготвителните активности кои се преземаат за ставање во функција на истото. Во таа насока беше истакната важноста за редовно и ажурно исполнување на законската обврска на  Владата и другите институции и органи кои вршат избори и именувања за доставување на податоци за избраните и именувани лица.

ДКСК, исто така, го запозна Генералниот секретар Димовски со софтверското решение за антикорупциска проверка на легислативата.  Во насока на поефикасно и поефективно спроведување на законската надлежност на ДКСК за антикорупциска проверка на легислативата се дискутираше за можноста за електронско поврзување на ДКСК и Владата и електронско доставување на сите предлог закони кои подлежат на антикорупциска проверка на легислативата. Ова би обезбедило разгледување на прописите кои се во фаза на подготовка, а со цел детектирање и спречување на ризици за можна корупција и судири на интереси.

На состанокот, стана збор и за потребата за спроведување на препораките за подобрување на правната рамка за дискрециони овластувања во националното законодавство кои произлегоа од анализата на дискреционите овластувања спроведена во рамките на ИПА 2 Проектот “Поддршка во реорганизација на државната управа“ финансиран од Европската унија.

На крајот, обострано беше исткната потребата од продлжување на комуникација и интензивирање на соработката во насока реализирање на законските надлежности и договорените активности.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте