spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Електронски ќе се добиваат податоци од Управата за јавни приходи

ДКСК: Електронски ќе се добиваат податоци од Управата за јавни приходи

Државната комисија за спречување на корупцијата, за потребите на своето надлежно постапување, од Управата за јавни приходи ќе добива податоци во електронска форма, користејќи веб сервиси достапни преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги, како и преку други веб сервиси.

Оваа соработка е овозможена со договорот за размена на податоци и соработка склучен на 28.11.2022 година, помеѓу  Државната комисија за спречување на корупцијата, претставувана од претседателката Билјана Ивановска и Управата за јавни приходи, претставувана од директорката Сања Лукаревска.

Електронското преземање на податоците од Управата за јавни приходи ќе биде дел од новото софтверско решение на Државната комсијата за спречување на корупцијата чија изработка е во завршна фаза а кое опфаќа повеќе модули и тоа:  електронско пријавување на имотната состојба и интресите, регистар на избрани и именувани лица и електронска размена на податоци со повеќе државни органи и институции.

Со потпишувањето на договорот ќе се овозможи Државната комисија да прибавува потребни податоци со кои располага Управата за јавни приходи во електронска форма без да доставува писмени барања, што ќе придонесе  во зголемување на ефикасноста и ефективноста во спроведувањето на нејзините законски надлежности, особено во делот на евидентирањето и следењето на имотната состојба и интересите.

Со договорот, исто така, е предвидено интензивирање на соработката помеѓу двете институции во насока на поефикасно спроведување на нивните законски надлежности.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...