HomeСамостојни органиДКСК: Започнува со имплементација на ЦАФ2020

ДКСК: Започнува со имплементација на ЦАФ2020

spot_img
spot_img

Државната комисија за спречување на корупцијата континуирано работи на унапредување на елементите на интегритетот, па оттука со поддршка на in country механизмот на Регионалната школа за јавна администрација – ReSPA, започна со новиот проект за имплементација на ЦАФ во Државната комисија за спречување на корупцијата.

На 28.11.2022 година, ЦАФ експертот ангажиран од ReSPA одржa обука на вработените во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата и членовите на комисијата.

Раководството на Државната комисија за спречување на корупцијата дава голема поддршка во спроведувањето на ЦАФ – како еден од инструментите за управување со квалитет, кој ќе и помогне на институцијата да ги детектира слабите страни во целокупното функционирање, вклучувајќи ги и луѓето, лидерството, стратегијата, планирањето итн., и да се преземат активности за унапредување на истите. Придобивките од воведувањето на ЦАФ2020 моделот и воопшто инструментите за управување со квалитет во јавната администрација, меѓу кои е и ИСО се бројни и разновидни.

Ова е континуиран процес, а Државната комисија за спречување на корупцијата ќе се стреми да ги следи трендовите на модерните европски институции, ставајќи го акцентот на дигитализација, агилноста, разновидноста и одржливоста.

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија