Во просториите на ООУ “Григор Прличев” во населба Железара се одржа книжевната манифестација “Есен во Гази Баба” на која учествуваа и твореа учениците од основните општински училишта во општина Гази Баба.
На јавниот повик се пријавија 129 ученици, а 29 од нив беа наградени.
На оваа книжевна манифестација учениците имаат можност да ги истакнат своите вештини за творење.
Обраќање имаше градоначалникот Бобан Стефковски кој им порача на учениците да продолжат да го негуваат македонскиот пишан литературен збор, бидејќи преку негувањето на пишаниот збор се негува македонскиот јазик.
Извор: Општина Гази Баба