spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Вработените во градинките на обука за работа со храна

Кисела Вода: Вработените во градинките на обука за работа со храна

Во организација на Општина Кисела Вода, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изврши обука за едукација на персоналот за работа со храна во кујните во градинките.

 

Целта на оваа едукција е имплементација на предусловни програми за добра производна и добра хигенска пракса и HACCP системот. Вработените во сите градинки на територија на општина Кисел Вода,  во текот на два дена се обучуваа околу процесот на работа за подготовка на квалитетна и здравствено безбедна храна за децата од предучилишните установи.

Детално беше разработен процесот на подготовка на објектите, на персоналот и процесот на работа, добија и упатства упатства кои се однесуваат на хигиената на објектот и персоналот, контролата на операциите, чистењето и одржувањето на просториите за храна, нејзиниот транспорт,како и практични совети за планирање на организираната исхрана и планирањето на оброците за децата.

Унапредувањето и подобрувањето на начинот на исхрана во предучилишните установи се многу значајни прашања за Општина Кисела Вода, па оттаму обуките и едукациите од овој тип и понатаму ќе бидат редовна пракса.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...