spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата

Центар: Со здравата и правилна исхрана ги поттикнуваме здравите навики кај децата

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вчера го посетија основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Во основните училишта во Општина Центар започна проектот „Здрава ужинка за секој ученик“, кој во сите основни училишта во државата го спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Преку овој проект, кој министерството го реализира преку програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2022 година, ги учиме најмладите жители на општината за важноста на здравиот начин на живот.

„Се вратив во училишните клупи од каде што и излегов и чувството е прекрасно. Инаку и јас учев во ‘Јохан Хајнрих Песталоци’, а токму во ова училиште е и првото работно искуство на мојот татко. Затоа и имам посебна врска со ова основно училиште“, изјави Герасимовски.

За добар почеток на оваа корисна активност, учениците од сите 8 општински основни училишта поделија вкупно 19.111 килограми свежи македонски јаболка.

„Здравите навики, здравиот начин на исхрана и здравиот живот треба да бидат приоритети за сите нас и треба сите да ги почитуваме. Здравата, чиста и еколошка исхрана треба да биде правило, а не исклучок“, им порача градоначалникот Герасимовски на учениците во училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“.

На крај, градоначалникот Герасимовски упати благодарност до Владата и до Министерството за земјоделство за идејата, вложениот труд и ангажманот околу реализацијата на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

МЗШВ: Ќе биде исплатена финансиска поддршка за произведена и предадена слива...

0
Денеска исплатата кон земјоделците продолжи. Ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатата ќе...