spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Средба на министерот за локална самоуправа со амбасадорот на Јапонија

МЛС: Средба на министерот за локална самоуправа со амбасадорот на Јапонија

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов имаше средба со амбасадорот на Јапонија, Савада Хиронори.

 

На средбата се разговараше за односите меѓу двете земји и за долгогодишната поддршка што Јапонија и ја дава на Северна Македонија.

Притоа беше истакнато дека општините посебно ја ценат јапонската помош на значајни проекти зашто е многу конкретна и брзо се имплементира. Станува збор за опрема за јавни комунални претпријатија, за училишта, за болници , што им е многу потребна на овие установи и со што се подобрува квалитетот на услугите во општините.

 

Беше истакната потребата од продолжување на соработката, во што Министерството за локална самоуправа ќе има значајна улога во координација на работите со општините, со цел тие навреме да аплицираат свои проекти и да обезбедат гаранции за наменска употреба и оддржување на донираната опрема.

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Мицкоски: Историска голема исплата за субвенции за земјоделците е направена, како...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, за колку пари станува збор и колку луѓе се опфатени...