spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Подобро управување со јавните финансии, наплата на локалните даноци и транспарентно...

МЛС: Подобро управување со јавните финансии, наплата на локалните даноци и транспарентно и отчетно работење

Овие прашања се нотирани од  Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии и во извештаите на Европската комисија, како приоритетни, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, на вториор годишен Форум за локална самоуправа „Партнерство за одржливи локални самоуправи“ поддржан од УСАИД.

– Поддршката на УСАИД во градењето на капацитетите на општините трае од почетокот на децентрализација до сега. На почетокот, приоритет беше евидентирањето на наследените долгови на општините и предлагање на мерки за намалување на долгот, рече Пенов.

– Данокот на имот е еден од најважните извори на приход за финансирање на изворните надлежности на општините, тие што не се финансирани со блок дотации од централниот Буџет и затоа локалните власти да  вложат поголем напор,  но потребно е да се најде институционално, системско решение, заедно со другите надлежни институции.  Финансиската стабилност на општините е најважна за да можат да ги извршуваат функциите и да спорачуваат услуги.

Министерот за локална самоуправа рече дека  според последното мерење на перцепцијата на граѓаните, што го направи Министерството, има раст во генералното задоволство  од 2.97  на 3.2%. Граѓаните се најмалку задоволни од локалниот економски развој, социјалната заштита, заштитата на животната средина, транспарентноста и урбанистичкото планирање, дополни тој.

УСАИД дава поддршка  на Министерството за локална самоуправа, за одобрување на транспарентноста на општините. Исто така и за подобрување на перформансите на Бирото и на Министерството за обезбедување на дополнителни извори за финансирање на проекти за локален и за регионален развој.

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

Бутел: По 30 години се реконструира дворот во ООУ “ЛИМАН КАБА”...

0
Дворот на основното училиште во Љуботен конечно ќе биде соодветно место за учениците. Општина Бутел ја реконструира училишната ограда, ги промени училишните врати а наскоро...