Во СОСУ ,,Илинден” во организација на Општина Илинден и училиштето, а во соработка со Црвениот Крст се одржа показна вежба за заштита во случај на елементарни непогоди.
Показната вежба во која беа вклучени учениците и наставниот кадар при СОСУ ,,Илинден” беше успешно изведена согласно планот за евакуација при несреќи и планот за работа на училиштата, а главната цел беше запознавање на учениците и наставниот кадар со мерките за евакуација во случај на земјотрес и пожар. Симулациони вежби од овој тип досега беа спроведени и во останатите училишта во општина Илинден.
Извор: Општина Илинден