Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити ја сподели ажурираната Нацрт верзија на Националната Стратегија за ИКТ 2023-2027, која е објавена на ЕНЕР.
https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocuments#!/subfolders?parentId=35
Алити истакна дека оваа Нацрт верзија на Националната Стратегија за развој на информациско- комуникациските технологии (2023-2027), во согласност со Дигиталниот компас на ЕУ, го дефинира дигиталниот опсег на Северна Македонија и се состои од четири столба:
-Дигитално поврзување и државна ИКТ инфраструктура
-Дигитални вештини – со кои ќе се стекнат граѓаните, со што ќе се влијае на поголема продуктивност за да се обезбеди економски раст.
-Дигитално управување – за понатамошна модернизација на јавната администрација, зголемување на употребата на дигитални платформи и иновативни дигитални интеракции.
-Дигитален бизнис- на тој начин овозможувајќи им на нашите бизниси да се претворат од локални играчи во глобални конкуренти.
Министерот Алити нагласи дека оваа ИКТ стратегија нуди решенија за одржлив животен циклус и додаде дека е време да се инвестира во подобрување на јавните услуги со цел да се забрза социјалниот, еколошкиот, индустрискиот и технолошкиот напредок.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација