spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити ја сподели ажурираната Нацрт верзија на Националната Стратегија за...

МИОА: Министерот Алити ја сподели ажурираната Нацрт верзија на Националната Стратегија за ИКТ 2023-2027

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити ја сподели  ажурираната Нацрт верзија на Националната Стратегија за ИКТ 2023-2027, која е објавена на ЕНЕР.

https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocuments#!/subfolders?parentId=35

Алити истакна дека оваа Нацрт верзија на Националната Стратегија за развој на информациско- комуникациските технологии (2023-2027),  во согласност со Дигиталниот компас на ЕУ, го дефинира дигиталниот опсег на Северна Македонија и се состои од четири столба:

-Дигитално поврзување и државна ИКТ инфраструктура

-Дигитални вештини – со кои ќе се стекнат граѓаните, со што ќе се влијае на поголема продуктивност за да се обезбеди економски раст.

-Дигитално управување – за понатамошна модернизација на јавната администрација, зголемување на употребата на дигитални платформи и иновативни дигитални интеракции.

-Дигитален бизнис- на тој начин овозможувајќи им на нашите бизниси да се претворат од локални играчи во глобални конкуренти.

Министерот Алити нагласи дека оваа ИКТ стратегија нуди решенија за одржлив животен циклус и додаде дека е време да се инвестира во подобрување на јавните услуги со цел да се забрза социјалниот, еколошкиот, индустрискиот и технолошкиот напредок.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...