Проширувањето на капацитетите на ATU Duty Freeна Меѓународниот аеродром Скопје е уште еден бенефит за граѓаните и патниците, со што ја зголемуваме понудата и ги подобруваме условите на аеродромот, а со тоа ја зголемуваме и конкуренцијата во регионот, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој вчера присуствуваше на отворањето на новата и проширена ATU Duty Freeпродавница на скопскиот аеродром.
Тој истакна дека Владата на Република Северна Македонија покажува силна посветеност за развојот на авиосообраќајот во земјата, а токму јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии е доказ за тоа.
„Силно сме посветени во искористување на капацитетите на нашите два аеродроми, што го покажавме и со објавата на новиот јавен повик за авиолинии, а ТАВ Македонија е значаен партнер на Владата кој дава огромен придонес за развојот на авиосообраќајот во земјата.Во таа насока го поздравувам секое подобрување на условите за патниците и секако продолжувањето на надградбата на капацитетите. Отворањето на новата и проширена ATU Duty Free продавница носи значаен бенефит за скопскиот аеродром и сите патници кои ги користат неговите услуги.“ – изјави министерот Благој Бочварски.
Генералниот извршен директор на ATU Duty Free, Ерсан Арџан, во своето обраќање истакна декасо големо задоволство денеска ја отвораат новата проширена продавница на скопскиот аеродром и со проширените операции придонесуваат кон развојот на цивилното воздухопловство и туризмот на Северна Македонија.Досега, во Северна Македонија тие имаат инвестирано приближно 1 милион евра, со што уште од почетокот на нивното функционирање на скопскиот и охридскиот аеродром во 2010 година, постигнале значителен раст набесцаринските операции и работењето.
Генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак, пред присутните изјави дека ТАВ Македонија како аеродромски оператор, секогаш се стреми и секогаш ги вложува своите напори да ги обезбеди најдобрите аеродромски услуги и аеродромско искуство на своите патници и клиенти.
Новата и реновирана бесцаринска продавница управувана од ATU Duty Free, која е во партнерство со ТАВ Аеродромибеше отворена денеска на Меѓународниот Аеродром Скопјесо свечено сечење на лента.
Извор: Влада