spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Занаетчиската комора е важен фактор во унапредувањето на квалитетот...

МОН: Шаќири – Занаетчиската комора е важен фактор во унапредувањето на квалитетот на образованието

Занаетчиската комора на Скопје не само што учествува во функционирањето, туку има и голем придонес во унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем, во делот на стручното образование и обуката. Заедно низ годините, министерството и комората имаат креирано бројни правни решенија, мерки и проекти кои овозможуваат создавање на квалитетни стручни кадри, а со тоа и подигнување на степенот на вработливост во земјата, како крајна цел на сите политики.

Ова го истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на манифестацијата организирана по повод 90 години од основањето на Занаетчиската комора на Скопје, на која покрај претставници на комората, присуствуваа и министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и директорката на УЈП Сања Лукаревска.

„Очекувам нашето партнерство да продолжи и во иднина, бидејќи едукацијата во државата без вас не е можна, а образованието е менлива материја која мора да се прилагодува на општествените и глобалните трендови, текови и процеси и тоа можеме да го правиме само доколку и натаму, заеднички и вие и ние, како и досега, работиме во интерес на граѓаните и нивната подготвеност за вклучување и успешен настап на пазарот на трудот“ рече Шаќири.

Тој додаде дека комората е промотор и афирматор на стручното образование, прави напори да што повеќе млади луѓе почнат да се занимаваат со занаети и тоа, како што рече е од особена важност во период кога државата се соочува со голема потреба од квалификувана работна сила.

„Занаетчиството не само што е еден од двигателите на економијата и развојот на општеството, туку тоа е и потсетник на историјата, традицијата и културата на еден народ. А вие како комора, го штитите и развивате токму тоа“, потенцираше министерот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...