spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Тргнуваме во поход да ги убедиме земјите дека луѓето се на...

МНР: Тргнуваме во поход да ги убедиме земјите дека луѓето се на прво место

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска одржа тематски брифинг на кој ги претстави приоритетите на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ.

Објаснувајќи ја улогата на ОБСЕ како организација која е фокусирана на интересите на луѓето, на обичниот човек, и успешноста на нивните теренски активности, Османи изјави:

„Ние овде тоа добро го знаеме. Теренската мисија на ОБСЕ во земјава има остварено одлични резултати и нивното присуство овде, набргу по осамостојувањето, во голема мера придонесе за нашата внатрешна стабилност и постепен развој на денешниот модел на функционална мултиетничка демократија. И тоа го сметам за наша предност и во рамките на претседавањето. Како, условно речено – ‘задоволен корисник’ ние имаме автентично искуство за значењето на теренските мисии и присуството на ОБСЕ во регионите кои се сметаат за загрозени. “

Во продолжение Османи ги објасни исклучително сложени меѓународни односи, нарушена безбедносна архитектура на Континентот и практично активната воена агресија на една земја – членка врз друга земја – членка на Организацијата како посебен предизвик за враќање на функционалноста на самата организација.

„ И тоа не е лесно. Тоа е многу тешко, и да бидам вака директен – тоа е најтешката работа во политиката. Да најдете начин да убедите две страни на дијалог, на разговор и во обичниот живот е тешко, а во политиката уште потешко. Но, секогаш има едно но; колку и да се страните заробени во своите политички ровови, обичните луѓе, граѓаните, цивилите – тие сакаат мир и стабилност! И тоа е нашата почетна позиција – луѓето; за луѓето се работи! Ако треба ќе одиме директно на терен кон луѓето за да ја земеме таа порака и да ја внесеме во дипломатските релации, во меѓународните односи.“, појасни Османи.

Османи најави дека на 12 јануари во Виена и формално ќе биде првото соочување на Северна Македонија со претставниците на сите 57 земји во улога на Претседавач со ОБСЕ, по што, како што најави, прва земја која ќе ја посети како Претседавач ќе биде Украина.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...