spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Повик за истражување на интерес

МОН: Повик за истражување на интерес

Врз основа на член 14-а од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА – Педагошка служба, објавува

 

ПОВИК ЗА ИСКАЖУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС


за  учество во комисија за давање мислење 
по доставени предлози за исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот, а истите не преставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот по предметот:

–        Англиски јазик  за II година  средно четиригодишно  образование;

–        Англиски јазик  за III година  средно четиригодишно  образование;

Заинтересираните кандидати за учество во комисија за давање мислење по доставени предлози за исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот, а истите не преставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот по горенаведениот предмет за   средно образование,  треба да ги исполнуваат следните услови:

–        да се наставници/соработници од факултети од областа на наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата)  или

–         да се наставници од средното образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата).

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

–        уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија), 

–        изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование;

–            потврда за работно искуство издадена од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Пријавата може да се преземе од веб страната на Министерството за образование и наука, или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 13.1.2023 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...