Договорот што го потпишавше градоначалникот г.Блерим Беџети заедно со претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски и претседателот на Синдикалната организација во Oпштина Сарај Рамадан Рамадани, е наменет за унапредување на правата, обврските, одговорностите и другите прашања во врска со работниот однос на вработените при Општина Сарај, и тоа усогласување на платите со порастот на минималната плата, зголемен износ на регресот за годишен одмор, исплата на јубилејни награди и можноста за исплата на 13-та плата.
Извор: Општина Сарај