МНР: Министерот Османи во Виена на работна средба со министерот за надворешни работи на Австрија, Шаленберг

МинистерстваМНР: Министерот Османи во Виена на работна средба со министерот за надворешни...

Најчитано

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, во Виена, имаше работна средба со министерот за надворешни работи на земјата-домаќин на ОБСЕ Австрија, Александар Шаленберг.

На средбата, министрите Османи и Шаленберг разговараа за предвидените активности  во рамки на претседавањето на Северна Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација, во 2023 година.

Министрите разменија мислења за актуелните случувања во регионот на ОБСЕ, како и за улогата на Организацијата во справувањето со последиците предизвикани со агресијата на Руската Федерација врз Украина.

„Војната на агресија против Украина продолжува, а луѓето се првите кои ја почувствуваа мачнината која ја предизвикаа денешните геополитички превирања. Најмногу страдаат оние кои се директно изложени на војна и конфликт. Другите чувствуваат несигурност и неизвесност. Нивниот начин на живеењее доведен во прашање; секојдневниот живот е нарушен. Тие треба да се ослободат од стравот од војна“, потенцираше Османи на средбата со Шаленберг.

Меѓу  главните заклучоци од средбата беа обезбедувањето поддршка за функционалноста на институциите на ОБСЕ, кои нудат разновидни механизми  во поддршка на обновувањето на мирот и безбедноста,  спречувањето на идни конфликти, како и промовирањето на соработката низ регионот на ОБСЕ.

Република Австрија е долгогодишен партнер на Северна Македонија во ОБСЕ и нејзин силен и гласен поддржувач во европските интеграции.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе