МОН: Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка со Република Полска

МинистерстваМОН: Програма за размена на студенти и научници како дел од билатералната...

Најчитано

Полската национална агенција за академска размена – NAWA известува дека во академската 2023/24 година реализацијата на билатерална соработка во областа на високото образование и науката од страна на Полска ќе биде спроведена во рамки на „Програмата за размена на студенти и научници како дел од билатералната соработка – понуда за дојдовни студенти и научници“ (“Exchange Programme for students and scientists as part of the bilateral cooperation – offer for incoming students and scientists” – Zawacka NAWA Programme”).

Според полската позиција во рамките на Берлинскиот процес, Полската национална агенција за академска размена ќе додели стипендии за македонски истражувачи и студенти за академската 2023/24 година, во вкупно времетраење од 20 месеци годишно за научно-истражувачка пракса и за едно-семестрални студии, на универзитети и институции кои се во надлежност на министерот за наука и високо образование на Република Полска. Стипендијата изнесува 1500 PLN месечно за магистерски студии и најмалку 3000 PLN за истражувачи со докторат на науки.

Почнувајќи од академската 2022/23 година NAWA ги прифаќа и Еразмус+ студентите, кои би можеле да ја комбинираат стипендијата NAWA и стипендијата Еразмус+.

Исто така, во прилог е понудата за македонски студенти и истражувачи во рамките на Програмата за размена на студенти и истражувачи како дел од билатералната соработка – Програмата Zawacka NAWA. Како и обично, ги охрабруваме студентите и истражувачите од Република Северна Македонија да учествуваат во други програми на NAWA како што се Ulam NAWA и Banach NAWA.

Потребните документи за поднесување на кандидатурите, како и подетални информации може да се најдат на веб страницата: https://nawa.gov.pl/en/students/foreign-students

Треба да се има во предвид дека почнувајќи од оваа година, понатамошниот процес на аплицирање ќе се одвива  преку NAWA ICT системот.

Апликацијата заедно со потребните документи треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија најкасно до 15 април 2023 година.

 

Линкот за регистрација е: https://programs.nawa.gov.pl/login

Лице за контакт : Гоце Видановски, Сектор за наука и иноваци,

E-mail: goce.vidanovski@mon.gov.mk

Прилог:

–        Announcement of the call for proposals;

–        Regulations for students

–        Regulations for scientists

 

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе