HomeМинистерстваМОН: Со европски грант 25 училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи, ја...

МОН: Со европски грант 25 училишта ќе добијат соларни фотоволтаични системи, ја штитиме животната средина и ги подобруваме условите за учење

spot_img
spot_img

Министерството за образование и наука ќе ја подобрува енергетската ефикасност на основните и средните училиштата со инсталирање на соларни фотоволтаични системи. Проектот ќе се реализира со грант од 1,1 милион евра обезбеден од Банката за развој на Советот на Европа.

„Ги реализираме заложбите за подобри услови за учење како и создавање здрава животна средина. Европскиот фонд за зелени општествени инвестиции, наменет за јакнење на инклузивните климатски мерки, ни овозможи да инвестираме во енергетска ефикасност на најмалку 25 училишта. Ефектот е двоен – правиме замена на енергија базирана на фосилни горива со чиста и обновлива енергија и истовремено имаме заштеди кај сметките за енергија. Овие средства ќе се реинвестираат во подобрување на условите во училиштата“, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири по одобрувањето на грантот.

Училиштата опфатени со новиот проект, претходно беа реконструирани со заем од Банката за развој при Советот на Европа.

Подигнувањето на свеста за енергетските прашања и климатските промени кај учениците е еден од приоритетите на Министерството за образование и наука. Препознавањето на потребите за зелена транзиција е интегрирано во образовниот систем. Обука за интегрирање на образованието за животната средина и климатските промени во наставните програми следеа 121 наставник. Целта е во текот на образовниот процес учениците да развијат компетенции, да стекнат знаења, вештини и ставови неопходни за заштита на животната средина и транзицијата кон поправедна и позелена економија и општество.

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија