МНР: Партнерските односи со Обединетото Кралство рефлектирани и преку помош за претседавањето со ОБСЕ

МинистерстваМНР: Партнерските односи со Обединетото Кралство рефлектирани и преку помош за претседавањето...

Најчитано

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера оствари телефонски разговор со специјалниот пратеник на британскиот Премиер за Западен Балкан, лорд Стјуарт Пич.
Лорд Пич го честиташе преземањето на претседавањето со ОБСЕ од наша страна, изразувајќи убедување дека Северна Македонија ќе придонесе во зацврстување на темелните вредности на Организацијата и ќе даде свој придонес кон зачувувањето на регионалниот мир, стабилноста и соработката меѓу земјите членки на Организацијата.
Министерот Османи ги афирмираше клучните заложби за приоритетите врз кои ќе се фокусира нашето претседавање со ОБСЕ искажувајќи благодарност за британската поддршка.
Северна Македонија и Обединетото Кралство имаат високо развиени и партнерски односи, кои оваа година бележат 30 години од нивното воспоставување. Во тој контекст, МНР Османи се заблагодари за посветеноста и силната поддршка на демократскиот и економскиот развој на нашата земја, кои Обединетото Кралство во пракса континуирано ги демонстрира. Истакна дека изминатите три децении на пријателство и партнерство најдобро ги отсликува интензивниот и редовен политички дијалог и одличната трговска и секторска соработка.
Двајцата соговорници се осврнаа и на актуелните политички состојби во земјите од Западен Балкан и други актуелни меѓународни теми.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе