МНР: „За луѓето се работи“ – ОБСЕ треба да даде резултати во тешки времиња

МинистерстваМНР: „За луѓето се работи“ - ОБСЕ треба да даде резултати во...

Најчитано

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во Виена пред Постојаниот совет на ОБСЕ ја презентираше програмата на претседавањето на Северна Македонија со најголемата светска регионална безбедносна организација.

Под слоганот „За луѓето се работи“ претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година ќе биде фокусирано на луѓето, „кои ќе бидат силата што ќе нè води во годината што претстои“, најави пред присутните Османи.

„Наша должност е да реагираме денес. За луѓето. Тие ја бараат нашата поддршка. Тоа е темелот на нашата организација. ОБСЕ е впрочем и создадена заради оваа конкретна причина и визијата на нашето претседателство во суштина лежи во сржта на мисијата на ОБСЕ“, потенцираше Османи.

Министерот Османи истакна  дека претседателството ќе се стреми кон  засилување на на теренската работа, што  претставува значаемн предуслов за подобрување на животот на луѓето, кои се  крајни корисници на активностите на ОБСЕ. Северна Македонија ќе ја промовира, поддржува и ќе ја засили работата на ОБСЕ на терен, ќе вложи напори да ја подобри координацијата и заедничката одговорност во реализацијата на активностите, неопходни во донесувањето позитивни промени, најави Османи.

„ОБСЕ има докажани резултати од своето делување во различни региони. Овде зборувам за искуството на нашата земја. Како земја домаќин на теренска мисија на ОБСЕ, нашата земја може е комептентна да посведочи за придобивките од теренското присуство на ОБСЕ. Уверен сум дека и другите земји домаќини на теренски мисии на ОБСЕ го делат ваквото мислење. Затоа, не треба да чуди податокот дека приоритетот на нашето претседателство со организацијата е ставањето фокус на луѓето“, потенцираше Османи.

Приоритет на претседавањето на Северна Македонија ќе биде хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност, со акцент на ситуацијата во Украина најави Османи.

„Украина ќе остане наш главен приоритет. Агресијата мора да престане. Опустошувањето и убивањето на цивилно население се неприфатливи. Вознемирувачки е да се гледа како луѓето страдаат. Последиците и цената од оваа војна за регионот на ОБСЕ и пошироко се жалосни и неподносливи“, порача Османи.

Османи во својство на претседавач со ОБСЕ истакна и дека регионалната нестабилност и потенцијалот за нови конфликти ќе бараат континуирано  внимание. Тој порача дека треба да се задржат суштинските функции и дејности на Организацијата, водејќи сметка таа да биде способна да им обезбеди поддршка на ранливите региони и да остане флексибилна во справувањето со предизвиците.

„Во претстојнава година ќе се фокусираме врз обезбедување поддршка за една функционална и флексибилна ОБСЕ, нудејќи разновиден комплет на алатки кои би помогнале за обновување на мирот и безбедноста, спречување на конфликти и промовирање на соработка низ регионот на ОБСЕ, како и промовирање на човековата безбедност преку обезбедување поддршка за одржлив економски раст и еколошка соработка“, рече Османи.

Овозможувањето и почитување на основните човекови права и промоцијата на толеранцијата и недискриминацијата како предуслови за сеопфатна безбедност, исто така ќе бидат високо на агендата за време на нашето претседавање со ОБСЕ, рече Османи.

„Нашата меѓусебна доверба е длабоко поткопана. Сепак, уверен сум дека нашите надежи за подобра иднина за нашата Организација, земјите кои ги претставуваме и луѓето на кои им служиме, остануваат високи. Се работи за нив, се работи за луѓето. ОБСЕ треба да даде резултати во тешки времиња“, истакна министерот.

Османи во својство на претседавач со ОБСЕ укажа на неопходноста од е обезбедување дополнителна поддршка на Организацијата за да одговори на својата задача, како што  е усвојувањето на единствениот буџет на организацијата што поскоро, додавајќи дека начелата и заложбите не треба да останат само флоскули.

„Во пресрет на 50-годишнината од усвојувањето на Хелсиншкиот документ, историјата ќе нѐ памети по делата, а не по нашите ветувања, размислувања и изјави. Мора да ги преточиме зборовите во дела, доколку сакаме да ја обезбедиме функционалноста на ОБСЕ“, потенцираше Османи.

Османи во своето обраќање го информираше Постојаниот совет за планот за воведување на позиција Специјален претставник на Претседавачот за граѓанско општество, како доказ за посветеноста да одговориме на потребите на луѓето, акцентирајќи дека нема здрава демократија без гласно, живо и истрајно граѓанско општество.

Османи рече дека како земја претседавач со ОБСЕ во текот на целата година очекува поддршка во работата од сите држави учеснички .

„Сметаме на поддршката од државите учеснички и пошироката структура на ОБСЕ во која се вбројуваат Секретаријатот на ОБСЕ, теренските мисии на ОБСЕ, самостојните институции, Парламентарното собрание на ОБСЕ и специјалните претставници кои работат на значајни  проблематики.“

Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи во своето обраќање ја претстави намерата да ја покани Финска да се приклучи на форматот Тројка на ОБСЕ и најави дека Северна Македонија е подготвена за предизвикот што ја очекува во 2023 година.

„Северна Македонија е подготвена да го преземе својот дел од одговорноста, имајќи предвид дека за нашата земја претставува привилегија да претседава со оваа Организација. На овој пат, нашите успеси и неуспеси ќе бидат и ваши. Тешките времиња во кои живееме бараат мудрост, одговорност за нашите постапки и посветеност на начелата од Хелсиншкиот завршен документ. Тие се нашиот светилник на надежта, но и сигнален оган дека за овие начела не се преговара. Тие ќе бидат нашиот Кодекс на вредности и однесување“, рече Османи.

Османи на крајот од своето обраќање порача да не постои страв од иднината и да ја трошиме денешницата, туку да работиме за подобра утрешнина, за иднината на ОБСЕ и иднината на луѓето.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе