Нова училишна опрема ООУ„Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром
Во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром дистрибуирана е новата училишна опрема од страна на фирмата „Мериан Ас“.
Доставени се 90 клупи, 190 училишни столчиња, 15 училишни клупи за 1-во и 2-ро одделение, 30 училишни столчиња за 1-во и 2-ро одделение и 15 компјутерски маси.
Со овој чекор финишира проектот за доградба на подрачното училиште. Останува довршување на градежните работи поврзани со поставување топлинската енергија во училиштето кои треба наскоро да завршат.
Недостигот од капацитети за настава во овој образовен објект е долгогодишен проблем на ѓорчепетровци и проект кој силно се залагавме во изминатата година конечно да биде затворен.
Тимот кој работи на овој проект беше упорен и во Министерството за образование и наука за што поскоро пуштање во употреба на доградениот дел.
Имено, со доградбата ќе се добијат нови осум училници, нова кујна и нови тоалети со што целосно ќе се задоволи просторниот капацитет, согласно запишаните ученици во училиштето во Хром.
Извор: Општина Ѓорче Петров