spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Гребен асфалт на повеќе улици во руралниот дел

Ѓорче Петров: Гребен асфалт на повеќе улици во руралниот дел

Гребен асфалт на повеќе улици во руралниот дел

Во изминатиот период Општина Ѓорче Петров работеше на санација и поставување гребен асфалт, како времено решение на повеќе улици во руралниот дел. Целта е подобрување на условите за живот на жителите од населените места Стопански Двор и Волково.

Гребен асфалт беше поставен во Волково на еден крак од ул.20, Волково на два краци од ул.22, Волково на ул.102 и Стопански Двор на ул.51 и ул.52.

Покрај санацијата на улиците и краците, екипите на комуналниот пункт во Ѓорче Петров работеа и на чистење на каналската мрежа за одводнување којашто ја користат жителите од тој дел на општината.

Општина Ѓорче Петров согласно можностите и временските услови ќе работи на санација на уште неколку улици и краци во овие населени места во наредниот период.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...