spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Поради безбедносни причини црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија...

Центар: Поради безбедносни причини црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија ќе остане оградена

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска оствари средба со поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан со кој разговараше за моменталната состојба со црквата „Свети Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“ и која сеуште е во градба.

Општина Центар на барање на МПЦ, нема да ги отстрани тарабите и истите ќе останат се до завршување на финалните работи на објектот, кои наскоро ќе бидат готови. Одлуката кругот на црквата да остане ограден е пред сѐ поради безбедносни причини со оглед на фактот дека над камбанаријата сѐ уште се извишува кран.

Општина Центар ќе ги извести граѓаните и јавноста за сите следни чекори кои во иднина ќе предат преземени во однос на ова прашање.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје преку проектот „ЕУ за чист воздух“ финансиран од Европската Унија, денес обезбеди донација од шест автобуси на компримиран природен гас. Овие автобуси...