spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Вработените ќе добијат поволни услови на ФОН, се потпиша Меморандум за...

МИОА: Вработените ќе добијат поволни услови на ФОН, се потпиша Меморандум за соработка

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити вчера оствари работна средба со ректорката на Американскиот Универзитет во Европа-ФОН, професорката Билјана Пулеска Јанушевска, со која потпишаа Меморандум за соработка.

Меморандумот за соработка помеѓу ФОН и МИОА, меѓу другото, опфаќа и организирање на работни состаноци, работилници, конференции, активности и настани со цел обезбедување на најефикасни и најефективни услуги за граѓаните.

,,Се договоривме соработката на образовниот кадар на Универзитетот да биде вклучена во јавните дискусии во однос на предложените закони за да се изнајдат најдобри законски решенија во согласност со нивната професионалност”, истакна министерот Алити.

Исто така со овој Меморандум за соработка се создаваат поповолни услови за студирање на вработените во МИОА и членовите на нивните семејства на студиските програми од прв и втор циклус на студии на Универзитетот ФОН.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Ново Маало доби реконструирана улица „Блаже Тодоровски” и...

0
Градежните активности за реконструкција на улицата „Блаже Тодоровски“ во Ново Маало влегуваат во завршна фаза. Денеска започна асфалтирањето на коловозот во должина од 135 метри...