Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со советниците од Советот на општина Гази Баба и голем број на граѓани означија старт на градежните работи на четири нови проекти.
Започната е изградбата на четвртата фаза на фекална канализација во Чукур Маало – Трубарево, инвестиција вредна над 6.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.
Во населеното место Смилковци, исто така започнавме со изградба последната фаза од фекалната канализација, инвестиција вредна 8.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гази Баба. По завршување на оваа фаза, секое семејство во Смилковци ќе има фекална канализација.
Дополнително се гради пешачката патека Колонија – Јурумлери на регионалниот пат.
А во завршна фаза се и градежните активности за асфалтирање на улица 5 во Брњарци.
Извор: Општина Гази Баба