spot_img

Голема поддршка од САД за Северна Македонија

ВладаГолема поддршка од САД за Северна Македонија

Најчитано

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, вечерва телефонски разговараше со советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, во присуство на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и амбасадорката на САД во земјава, Анџела П. Агелер.

Премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот за значајната поддршка од САД во сите клучни моменти и важни процеси за нашата држава, за што од големо значење е стратешкото партнерство на Република Северна Македонија со Соединетите Американски Држави.

Во разговорот со високиот претставник од Стејт департментот, Шоле, премиерот Ковачевски потенцираше дека еден од врвните надворешно-политички приоритети на нашата држава се зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан, за што Северна Македонија дава активен пример преку политиките на дијалог и почитување на домашен план и во добрососедските односи.

Премиерот Ковачевски и советникот на Стејт департментот Шоле разговараа за повеќе актуелни прашања, пришто е оценето дека Севрна Македонија е држава којашто напредува и е изразена целосна поддршка на евроинтеграциите на Република Северна Македонија, како прашање од државно, регионално и европско значење, како и очекување дека е тоа препознаено и од пошироката политичка и општествена јавност.

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе