spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична...

МЛС: Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и посебниот секретар на Грција за територијална соработка и структурни фондови на ЕУ, Георгиос Зервос, денеска во Солун ја отворија новата ИПА 3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција, во вредност од 33 милиони евра.

На првиот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет за спроведување на новата Програмата меѓу двете земји, беше изразено задоволство од резултатите остварени во вториот програмски период, во кој што се финансирани 62 проекти, со очекување искористеноста на средствата од Европската Унија да продолжи да се зголемува.

Оваа програма е многу значајна за Северна Македонија и за Министерството за локална самоуправа затоа што општините, но и институциите и граѓанските организации можат директно да аплицираат за средства од ИПА инструментот на ЕУ и да обезбедат финансирање на важни проекти во општините. Министерството ќе продолжи да работи на зајакнување на своите и на капацитетите на општините за целосна апсорпција  на расположливите средства од ЕУ, рече министерот Пенов.

Министерот за локална самоуправа истакна дека соработката меѓу двете земји  преку ИПА инструментот е важна затоа што во процесот на интегрирање на државата во ЕУ, голем показател за подготвеноста на институциите е и капацитетноста за користење на средствата од ИПА инструментот.

Министерот Пенов изрази очекување дека врз основа на научените лекции, во третиот програмски период ќе се достигне ниво на целосна  апсорбција на средствата и ќе се реализираат проекти кои што ќе ги подобрат условите за живеење на граѓаните во пограничниот регион.

Во оваа прилика сакам да го поздравам напредокот на работите за изградба на граничниот премин Маркова Нога. Преспа има голема симболика за нашите земји, Северна Македонија и Грција, но овој граничен премин има и голема практична вредност за полесна комуникација на жителите, што ќе придонесе и за развојот на микрорегионот.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Салата ,,Партизан’’ со ново осветлување

0
Во рамки на реконструкцијата на спортскиот објект ,,Наум Наумовски Борче’’, познат како ,,Партизан’’, изминатиот период се поставуваше ново лед осветлување. Од целосниот простор, употребени...