spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Директорката Лукаревска учествуваше на

УЈП: Директорката Лукаревска учествуваше на

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, гувернерката Анита Ангеловска – Бежоска, академик Абдулменаф Беџети и советникот на премиерот Глигор Бишев учествуваше на третиот Панел ,,Фискални, монетарни и даночни политики во услови на криза,, на Годишната конференција „Година на нови можности“. Директорката Лукаревска истакна дека должност на УЈП е да воведе целосна дигитализација на процесите и модернизација на услугите кон даночните обврзници, да се намалат бирократските процедури да се зголеми ефективноста и ефикасноста на постапките. Со тоа, рече Лукаревска, ќе се стегне обрачот за неформалната економија, а за формалните бизниси ќе се обезбеди фер пазар и конкуренција.

„Оваа година го подготвуваме, проектот Електронска фактура со неа ќе се овозможи издавање, достава и прием на фактура во електронски формат преку единствениот систем на Управата за јавни приходи, во кој ќе се евидентираат сите фактури кои произлегуваат од прометот помеѓу даночните обврзници, владините институции, крајните приматели на добра и услуги како и интернет продавниците. Со е-Фактура ќе се овозможи спречување на непријавување данок при трансакции во е-Трговија ќе се зголеми ефикасноста на контрола и сузбивање на измамите со ДДВ (фиктивни фактури), а контролите да ги насочиме кон високоризични обврзници“ – рече Лукаревска.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, потенцираше дека и во услови на криза нивото на јавниот долг се намалил и е под Мастришкиот критериум (60%). Управувањето со јавни финансии е особен предизвик во услови на турбулентно економско окружување. Експанзивната фискална политика која беше водена во периодот на пандемијата, преку таргетирана поддршка за одржување на ликвидноста на компаниите, зачувување на работните места и социјална помош за невработените и ранливите категории на граѓани, резултирало со пораст на буџетскиот дефицит на 8,1% од БДП во 2020 година, придонесувајќи за нагло зголемување на јавниот долг на 59,7% од БДП, достигнувајќи рекорден јавен долг од 61% во 2021 година, која со континуирана заложба за фискална консолидација можеме да се пофалиме дека заклучно со 31.12.2022 година се спушти на ниво од 57,1% од БДП. Тој потенцира дека ќе се продолжи со напорите за фискална консолидација.
„Почнавме реформа за воспоставување современ модерен даночен систем, кој ќе значи праведност, ефикасност, транспарентност и ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации, а сето тоа во функција на постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Даночната реформа која како концепт ја воспоставивме не значи зголемување на даноци, туку е во насока на проширување на даночната база и ревидирање на даночните ослободување, а кои создаваат нееднаков третман на даночните обврзници“, истакна министерот Бесими.

Гувернерката Ангеловска Бежоска се осврна на улогата на координацијата на макроекономските политики во одржување на стабилна економијата, особено во услови на криза.
„Во период на пандемијата монетарната политика обезбедуваше поддршка на фискалната политика. Сега за справување со инфлацијата и одржување на стабилноста на девизниот пазар на монетарната политика и е потребна поддршка од фискалната политика. Оттаму од исклучителна важност е да се продолжи со прудентна монетарна политика и фискална политика, втемелени на добро таргетирани и временски ограничени мерки насочени кон најранливите сектори за краткорочно ублажување на ефектите, но уште поважно и на капитални инвестиции, кои ќе го зголемат долгорочниот потенцијал за раст и заедно со структурнитe реформи ќе ја поддржат трансформацијата на економијата“, рече Ангеловска-Бежоска.

Академик Абдулменаф Беџети порача дека сега е време за реформи.
Фискалната историја од пред еден век па се до денес, вклучувајќи ја и последната инфлациска и енергетска криза ни покажува дека токму големите економски кризи се причина повеќе за забрзување на реформите“.

Според советникот на премиерот Глигор Бишев, фискалната политика ќе го поддржи соборувањето на инфлацијата.
„Преку намалување на буџетскиот дефицит, а истовремено преку алоцирањето на значителни средства за инвестиции во инфраструктурата, таа ќе го поддржи растот и конкурентноста на економијата, што ќе биде оптимален микс кој ќе ги оствари крајните цели на стабилност на цените и позитивен економски раст”.- истакна Бишев.

Денешниот втор ден на конференцијата освен за фискалните и даночните предизвици се разговараше и за енергетиката, рамномерниот регионален развој, капиталните инвестиции за реформите во земјоделството.

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

Велес: Ракометно игралиште во Градскиот парк со нови трибини

0
Почнаа градежните работи за поставување на нови трибини на ракометното игралиште во Градски парк. Ќе се постави нова конструкција и седишта со што овој...