spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Почна распределбата на донацијата од италијанските Карабинери, министерот Николовски и амбасадорот...

МЗШВ: Почна распределбата на донацијата од италијанските Карабинери, министерот Николовски и амбасадорот Силвестри денеска им ја врачија опремата на шумските полицајци од ШПС Штип

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Амбасадорот на Република Италија Н.Е Андреа Силвестри и Војниот Аташе за одбрана на Италија, г-дин Стефано Анџиони, во присуство на раководителката на Секторот Шумска Полиција, Аница Симеоновска и командирот на шумско-полициската станица Горан Трајко завчера лично им ги врачија униформите и опремата на шумските полицајци од шумско-полициската станица во Штип. Овој настан е само продолжение на успешната реализација на договорот за донација на униформи и опрема, за потребите на македонската Шумска полиција, од страна на италијанските Карабинери.

Постапката за оваа огромна донација започна во декември 2017 година, пратката пристигна кај нас летото 2022, а по завршените административни процедури,  започна нејзино распределување до шумско-полициските станици низ целата држава.

Вкупната бројка на донираните униформи и друга опрема е околу 46 000 парчиња,  во вредност од 4.2 милиони евра. Донирани се летни и зимски униформи, мантили, летни и зимски кошули, волнени џемпери, чорапи, маици, елеци, капи, високи и ниски чизми, спортски обувки, ранци, кабаници за дожд и друга дополнителна опрема за терен. Дел од опремата и униформите за Шумската полиција, може да биде наменета за територијалните противпожарни бригади, полицијата, армијата и дирекцијата за заштита и спасување, со оглед на тоа што донацијата е во огромни количини и содржи и противпожарна опрема, огноотпорни чизми, панталони и ракавици.

Министерот Николовски упати голема благодарност до италијанскиот амбасадор и карабинерите на Република Италија, искажувајќи почит и надеж дека соработката ќе продолжи и понатаму, преку твининг проекти и обуки за размена на искуства и учења со оглед на одличните резултати од теренските активности кои ги имаат постигнато италијанските Карабинери.

Минатата година, од буџетот на МЗШВ, нашите шумски полицајци за прв пат после 13 години добија по два сета зимски и летни униформи и чизми, во вредност од околу 15 милиони денари. Сега, преку донацијата на италијански Карабинери, шумската полиција ќе биде доопремена со сè што е потребно за нивно непречено извршување на задачите во бескомпромисната борба против организираниот криминал и нелегалната сеча, а министерството и понатаму ќе се грижи за континуирано подобрување на условите за работа на шумската полиција.

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...