По препораките на владата за одобрување на годишниот план за проценка на ризиците од корупција во локалната самоуправа, општина Гостивар го состави Годишниот план за проценка на ризиците од корупција во општина Гостивар за 2023 година и наскоро ќе организира јавна расправа за истиот.
Имајќи го во предвид Законот за спречување на корупција и судир на интереси и националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021- 2025 на Државната комисија за спречување на корупција, произлегува фактот дека корупцијата ги загрозува правата што им припаѓаат на граѓаните, ги деградира законите и ја оневозможува правдата.
Општина Гостивар во текот на 2023 година ќе се фокусира кон проценка на ризиците од корупцијата која се користи како превентивна алатка за идентификување на факторите на ризик и ризиците по однос на корупцијата, предлагање на соодветни мерки за нивно отстранување и санкционирање на сторителите со цел ефикасно спроведување со корупцијата во рамките на институцијата, како јакнење на интегритетот на вработените и подобрување на управувањето во Општина Гостивар.
Од таа причина неопходна е борба против оваа негативна појава за општеството.
Извор: Општина Гостивар