spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Градоначалникот Пекевски, говореше на свечената церемонија за доделување на сертификати на...

Берово: Градоначалникот Пекевски, говореше на свечената церемонија за доделување на сертификати на нови модератори

Градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски, го пренесе искуството на Општина Берово и говореше за Форумите во заедницата, како успешна алатка, за промовирање на локалната демократија, на церемонијата за доделување на сертификати на нови модератори, која што се одржа во рамките на проект ,,Зајакнување на општинските совети”.

На церемонијата присуствуваа Амбасадорката на Швајцарија во РСМ ,н.в Вероника Улман,заменик министерот за локална самоуправа, г-дин Зоран Димитровски, постојаниот претставник на УНДП, г-дин Армен Григорјан, претседателот на ЗЕЛС, г-дин Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Совет на град Скопје и Претседател на Комитетот на совети при ЗЕЛС, , г-дин Трајко Славевски, претставници од УНДП и новите модератори, кои се стекнаа со сертификати.

Градоначалникот Пекевски, истакнав дека форумите, го подобруваат капацитетот на локалната заедница, за развивање на граѓански проекти, за преговарање, за застапување на интересите на својата заедница и за градење на свеста и знаењето за општинскиот буџет. Изрази   задоволство, штo има можност да  учествува на ваков важен настан, за промоција на локалната демократија.

Упати благодарност до донаторите и имплеметнаторот, за реализацијата на ваквите проекти, кои се од големо значење за  општините.

На новите модератори, им  посака успешна работа, успешно да се пронајдат во водењето на процесот Форуми во заедницата и заеднички да ги решаваме сите приоритети на граѓаните.

Инаку, пред две години, преку истиот проект, беше проширен капацитетот на детската градинка во Берово, со 4 нови занимални за престој за најмалите, советниците од беровскиот Совет, следеа обуки, а салата за Совет на Општина Берово, доби комплетна опрема за пренос на седниците, во живо.

 

 

 

Извор: Општина Берово 

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...