spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Шаќири - Социјалниот дијалог „Учи паметно, работи стручно“ покажува одлични резултати,...

МОН: Шаќири – Социјалниот дијалог „Учи паметно, работи стручно“ покажува одлични резултати, реформата на стручното образование е одговор на барањата на младите

Министерството за образование и наука заедно со партнерски организации работи на унапредување на средното стручно образование, кое добива пазарна ориентација. Тоа значи дека средните стручни училишта реализираат наставни програми за кои локалните компании искажале потреба. При тоа, дел од наставата се изведува во реални производствени услови и учениците низ практична работа стекнуваат потребни знаења и вештини што по завршувањето на средното образование им овозможуваат лесно вклопување во работните средини. Но, исто толку успешно, овие средношколци можат да продолжат во високото образование.

Ова го посочи министерот за образование Јетон Шаќири во Струга, во рамки на четвртиот циклус на социјалниот дијалог „Учи паметно, Работи стручно“, што има за цел утврдување на реалните потреби на стопанството за стручни кадри и креирање наставни програми за средно образование соодветно на барањата.

„Реформата на средното стручно образование, во рамки на која секоја година се реализира кампањата „Учи паметно, работи стручно“ е успешна затоа што е резултат на интензивен дијалог меѓу локалните самоуправи, бизнис заедницата, Центарот за стручно образование и обука, партнерските организации и Министерството за образование и наука, вклучително и наставниот кадар“, рече министерот Шаќири, додавајќи дека за успешноста говорат и бројките.

Почетните 8 средни стручни училишта каде имаше дуални паралелки, оваа учебна година се зголемија на 61 училиште. Од 11 паралелки во кои се реализираше дуалното образование во учебната 2020-2021 година со вкупно 98 ученици, во оваа учебна 2022-2023 има 225 вакви паралелки, со над 3300 ученици. На почетокот само 16 компании гледаа перспектива во учењето на младите преку практична работа а годинава средношколци го учат занаетот во дури 450 компании.

Министерот Шаќири нагласи дека реформата на средното образование продолжува се до целосна синхронизација со пазарот на труд, затоа што тоа е во најдобар интерес на младите но, и на државата.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...