spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Бочварски - Комплетна реконструкција на пругата Ногаевци – Неготино

МТВ: Бочварски – Комплетна реконструкција на пругата Ногаевци – Неготино

Инвестираме преку 1 милијарда евра во подобрување на транспортната инфраструктура, пред се во изградба на нови патни и железнички траси, со што обезбедуваме ефикасна и одржлива мрежа која ни ја олеснува регионалната интеграција и поврзување со соседите, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој вчера заедно со директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино.

Тој потенцираше дека Владата засилено ги реализира најголемите проекти во модернизација на целокупната инфраструктура, што е видливо насекаде на терен.
Рехабилитацијата на оваа пруга на Коридорот 10 е во вредност од 4,8 милиони евра и е дел од големиот инвестициски циклус во изградба и модернизација на железничкиот систем во државата.

„Денеска заедно со директорот Локвенец извршивме увид во рехабилитација на пругата од Ногаевци до Неготино, со вкупна должина од 31 километар. Инвестираме преку 4 милиони евра за овој проект кој е од големо значење за нас бидејќи преку овој железнички коридор се поврзува Централна Европа со Солунското пристаниште и претставува транзит рута за целиот железнички сообраќај. Заеднички работиме активно со цел да ги обезбедиме сите неопходни услови за брза реконструкција на овој дел од пругата.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.

Министерот исто така истакна дека Министерството за транспорт и врски, заедно со ЈП Железници работи посветено во модернизација на железничките пруги што најдобро се гледа преку проектите кои се реализираат, како изградбата на делницата Битола – Кременица која комплетно е завршена и веќе пуштена во употреба и преку најголемата инвестиција во железницата, изградбата на пругата кон Република Бугарија, која се одвива со предвидената динамка.

„Заедно со министерот Бочварски денеска сме на увид на градежните активности на секцијата Ногаевци – Неготино и изразувам задоволство од прогресот на работите на терен и квалитетот со кој тие се извршуваат. Денеска оттука ги потврдуваме нашите заложби за квалитетни и безбедни железнички коридори, а сакам да истакнам дека денеска ни е и првата активност на терен оваа година во која одбележуваме 150 години од постоење на Македонски Железници. Тука, преку оваа пруга поминал првиот воз во Македонија во далечната 1873 година, а еве денеска оваа секција комплетно ја реконструираме. Продолжуваме понатаму со сите активности, во реконструција и изградба на модерни пруги на Коридорите 8 и 10.“ – изјави Хари Локвенец.

Директорот Локвенец додаде дека Јавното Претпријатие се екипира со млад инженерски кадар заради реализација на најкрупните проекти во железничката инфраструктура.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...