spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаГрковска: Националниот совет за дигитална трансформација на општеството ја усвои основата и...

Грковска: Националниот совет за дигитална трансформација на општеството ја усвои основата и концептот за дигитализација

Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, со кој претседава заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска го одржа вториот состанок, на кој беше усвоен Нацрт концептот за дигитална трансформација на општеството.

Нацрт концептот за дигитална трансформација на општеството почива на четири принципи владеење на правото, социјална кохезија и јавно приватно партнерство, слободен пристап до јавните информации, веродостојни изворници на податоци, како и принципот „само еднаш“, според кој податоците што еднаш се внесени во јавен регистар, да не смее да се бараат повторно од физичките и правните лица.

На состанокот се разговараше за електронската лична карта и за принципот „дигиталното е стандардно“, каде што дигиталната верзија добива поголемо значење од хартиената верзија.

Вицепремиерката Грковска нагласи дека овие принципи и концептот се отворени за дискусија, имајќи предвид дека ова е општествен процес со кој се утврдува основата на дигиталната трансформација на општеството.

Пред членовите на Советот, беше презентиран и дигиталниот асистент за инвестиции АДА, кој е базиран на вештачка интелигенција.

Советот, во својот делокруг на работење ќе планира и предлага иницијативи и оперативни планови за дигитална трансформација на општеството, ќе учествува во изготвување на Предлог-план за оптимизација на процесите.

Советот на денешната седница го усвои и Деловникот за работа.

Членови на Националниот совет за дигитална трансформација на општеството се министрите за внатрешни работи, за одбрана, за информатичко општество и администрација, директорот за Агенцијата за електронски комуникации, како и претставници од комисии во Собранието на Република Северна Македонија, стопанските комори, од банкарскиот сектор, локалната самоуправа и академската заедница.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Отпочна реконструкцијата на локалниот пат Кадино – Мралино

0
Градежната експанзија продолжува во Општина Илинден. Деновиве започна реконструкција на локалниот пат Кадино – Мралино, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба...