spot_img

Дискусија за критериумите за избор на клучните области кои ќе влезат во Националната развојна стратегија

ВладаДискусија за критериумите за избор на клучните области кои ќе влезат во...

Најчитано

Подготовката на Националната Развојна стратегија продолжи со денешниот консултативен состанок на кој се презентираа критериумите според кои ќе се утврдуваат темите од приоритетна важност за развој во Република Северна Македонија. Областите на кои ќе се фокусира стратегијата ќе се определат во консултација со сите општествени и политички чинители, вклучувајќи ја академската и бизнис заедница и граѓанскиот сектор.

На состанокот, заменикот на  претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, Генералниот  Секретар на Владата, Методија Димовски,  Амбасадорите на Обединетото Кралство, Метју Лосон, и на Република Словачка, Хенрик Маркуш, Постојаниот координатор на ОН, Росана Дуџак и Постојаниот Претставник на УНДП, Армен Григорјан,  дискутираа за Рамката за утврдување на критериуми за избор на тематски области за Националната развојна стратегија. Рамката ќе претставува клучна платформа во процесот на донесување одлуки, и со неа се минимизира пристрасноста од секаков вид, се обезбедува партиципација од различни групи и засегнати страни и се промовира одговорност и транспарентност.

Националната развојна стратегија има за цел да му даде на општеството јасна слика за заедничките очекувања и развојни цели и насоки, за чие остварување е потребно сеопфатно вклучување на јавноста и сите општествено политички чинители. Носител на процесот на создавање на Националната развојна стратегија е Владата на Република Северна Македонија, а изготвувањето на овој стратешки документ се реализира со поддршка на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), Британската Амбасада во Р.С. Македонија и Министерството за финансии на Република Словaчка.

Во минатиот период во рамки на активностите за изготвување на НРС се работеше на развој на методолошки пристап, оперативна структура, беа организирани бројни визионерски работилници, изработени се дваесет и три  тематски студии, а беше развиена и дигитална платформа www.nrs.mk и комуникациска кампања.

Организирани беа и бројни презентации за запознавање на клучните засегнати страни  со НРС процесот, а МАНУ врз основа на направените анализи изработи сумарна анализа за моменталната состојба, состојбите и предизвиците во Република Северна Македонија.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе