spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторГрадски паркинг Скопје: Надградба и модификација на постоечкиот систем за наплата на...

Градски паркинг Скопје: Надградба и модификација на постоечкиот систем за наплата на јавното паркиралиште „Градска Болница“

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, изврши надградба и модификација на постоечкиот систем за наплата на јавното паркиралиште „Градска Болница“. Со новиот начин на наплата за услугата се изврши замена на хартиените бар код картички за еднократна употреба, со нови електронски магнетни картички за наплата, чија употреба е многукратна.

Новиот систем за наплата се воведува со цел зголемена функционалност на паркиралиштето од економски аспект, но и во интерес на заштита на животната околина. Со електронските картички,претпријатието, ќе има значителна заштеда на трошоците за хартија и печатење.

Претпријатието ќе продолжи со замена на хартиените бар код картички со електронски магнетни картички и на останатите јавни паркиралишта, водејќи се од истата цел – воведување современи, еколошки и економски начини на наплата.

На овој начин, претпријатието потврдува дека е општествено одговорно претпријатие, кое продолжува да работи на подобрување на условите на корисниците на јавните паркинг услуги.

 

 

 

 

Извор: ЈП Градски паркинг Скопје

Прочитајте

МЗ: Жителите на општина Илинден ќе добијат нов здравствен дом

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со заменик министерот, Јовица Андовски и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски направија увид во градежните активности...