spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Состанок во МФ во рамки на Финансиско-економскиот дијалог со ЕУ –...

МФ: Состанок во МФ во рамки на Финансиско-економскиот дијалог со ЕУ – Се утврдуваат политиките и насоките за остварување на приоритетите

Во Министерството за финансии вчера министерот Фатмир Бесими, заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министри од повеќе ресори и претставници на ЕК одржаа средба на високо ниво, а во рамки на Финансиско-економскиот дијалог со ЕУ, во рамки на кој се подготвува Програмата за економски реформи и се донесуваат заеднички заклучоци во Советот на ЕУ во мај секоја година. Тоа е процес, кој земјава со ЕУ го спроведува во континуитет 9 години и во кој се утврдуваат препораки и мерки за остварување на поставените приоритети, а го координира Министерството за финансии.

Целта на оваа средба, како и на дијалогот воопшто, е заеднички да се дојде до предлози за препораки што ќе помогнат во остварување на приоритетите на нашата земја за зголемување на економскиот раст во 2023 година. Дискусијата ќе биде важен чекор во подготовката на овогодинешниот Економски и финансиски дијалог меѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција, каде во мај 2023 година заеднички ќе се усвојат новите насоки за земјата.

Владата на РС Македонија на почетокот на овој месец ја усвои Програмата за економски реформи 2023-2025 година, која е деветта по ред, и која содржи  клучни секторски структурни реформи  на кои треба да се работи во наредните две години со цел  зголемување на конкуреноста и растот на економијата.

„Тоа е континуиран процес што се спроведува заедно со ЕУ, а во земјава го координира Министерството за финансии. Во рамки на Финансиско-економскиот дијалог се подготви Програмата за економски реформи, која содржи среднорочна макроекономска и фискална рамка, како и  19 клучни секторски структурни реформи за зголемување на конкурентноста и растот на економијата. Значајно е дека таа е изработена и е компатибилна со  Програмата за работа на Владата за 2020-2024 година, Ревидираната фискална стратегија за периодот 2023-2025 (со изгледи до 2027), Ревидирана стратегија за управување со јавниот долг 2023-2025 (со изгледи до 2027) и Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година, како и останатите национални стратешки документи, што ја покажува нашата определба за вклучување во европското семејство“, рече министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој на средбата се осврна на реформите од фискалната политика што планира да ги презема Министерството за финансии во оваа година.

„Во делот на буџетската политика, имајќи го предвид влијанието на кризата, ќе се обезбеди фискална поддршка за заштита на животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Ќе продолжиме со отпочнатиот процес на фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит, со истовремено поттикнување на инвестициите со цел поддршка на растот. Имплементација на новиот Закон за буџети, како значајна реформа во јавните финансии, спроведување на пакетот реформи во даночната политика, кој претставува воспоставување современ даночен систем кој се зансова на праведност, правичност, ефикасност и дигитализација на процесите, борба со неформалната економија и слично“, рече министерот Бесими, посочувајќи и на реформите во финансискиот сектор.

Министерот изрази благодарност за поддршката од ЕУ, која е обезбедена за земјата преку грант од 80 милиони евра и маркофинаснсиска поддршка од 100 милиони евра.

На средбата од страна на претставниците на ЕК беше даден осврт на спроведување на заедничките заклучоци од ПЕР во делот на структурните политики во областа на зелената транзиција, дигитална трансформација,  подобрување на деловното окружување и намалување на неформалната економија, додека ресорните министри ги презентираа идните политики од нивна надлежност што би можеле да бидат дел од заедничките заклучоци.

 

 

 

Извор: Министерство за финансии 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...