spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторФЗОРСМ: Демант - Здравствените и личните податоци се целосно безбедно и не...

ФЗОРСМ: Демант – Здравствените и личните податоци се целосно безбедно и не се украдени

Заради заштита на јавноста од шпекулации, изминативе денови Фондот за здравство на Република Северна Македонија целосно транспарентно и редовно ја информира јавноста за сабјер нападот со кој се соочи. Тоа Фондот го прави постојано како што се утврдуваат фактите, и ќе продолжи да го прави со цел целосно и прецизно информирање за состојбата.

Како и што беше јавно објавено, со помош на тимот од локални и експерти од странство, се работи на реставрирање на системот на Фондот со цел да се врати во првобитната форма, по заклучувањето на дел од функциите.

Експертскиот тим кој работи на солуциите посочува дека не постои еден и единствен начин како се надминуваат предизвиците кои ги предизвикува одреден сајбер напад, без разлика каков вид е истиот, и токму затоа, на домашните и странските тимови им е потребно повеќе време за надминување на штетите кои ги предизвика нападот.

Во оваа насока, остро ги демантираме наводите дека податоците на граѓаните се украдени, Фондот за здравство ја уверува јавноста дека здравствените и лични податоци на граѓаните се целосно безбедни и дека граѓаните треба да бидат спокојни.

Како што ја информиравме јавноста уште од почетокот, при сајбер нападот немаше излевање на податоци надвор од базите на Фондот. Тоа го потврди анализата на експертските технички тимови. Оттука, децидни сме дека, податоците на корисниците на здравствени услуги вклучително и личните податоци се безбедни и заштитени и нема неовластено преземање на личните податоци.

Во моментов апликативните решенија/софтверот и базите на податоци се изолирани од делот на системот кој беше предмет на напад и се финализираат сите активности за прочистување и проверка на целокупниот систем на Фондот за здравство за да се обезбедат услови за повторно вклучување во нормален режим на работа.

Воедно, остро ги демантираме наводите дека соработниците на Фондот не работеле согласно процедурите со кои се обезбедуваат податоците на Фондот. Сите наши соработници и сите вклучени во изнаоѓањето на солуции за предизвиците кои произлегоа од сајбер нападот, имаат долгогодишно искуство се реномирани чинители во своите дејности и сметаме дека е неумесно да се доведува во прашање нивното знаење и експертиза и да се руши нивниот углед. Во оваа прилика, Фондот изразува благодарност за посветената работа на сите технички тимови кои работат секојдневно и посветено.

 

 

 

Извор: Фонд за здравствено осигурување 

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...