spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКрушево: ЈАВЕН ПОВИК за негувател/ка за помош и нега на стари и...

Крушево: ЈАВЕН ПОВИК за негувател/ка за помош и нега на стари и немоќни лица и лица со попреченост

Врз основа на потпишаниот договор на Oпштина Крушево во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крушево за реализација на Проектот за развој на социјалните услуги – Помош и нега во домот, за подрачјето на општина Крушево, поддржан од Министерството за труд и социјална политика, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крушево распишува:

ЈАВЕН ПОВИК

за негувател/ка за помош и нега на стари и немоќни лица и лица со попреченост

Се повикуваат сите заинтересирани невработени лица, жители на општина Крушево, кои сакаат да посетуваат бесплатна обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 13.02- 22.02.2023 година.

Заинтересираните лица потребно е да ги исполнуваат следниве критериуми и да ги достават следниве податоци во просториите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Крушево:

  • Да се државјани на РС Македонија;
  • Да имаат над 18 години;
  • Да имаат завршено најмалку основно образование;
  • Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
  • Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост
  • Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во како негуватели во сервисот за нега во домашни услови на Црвен крст На РСМ – Општинска организација Крушево;

Обуката ќе се изведува според верифицирана Програма за негуватели, со што кандидатите ќе се стекнат со верификуван и меѓународно признаен сертификат за Неговател на стари лица.

Повикот е отворен до 22 февруари 2023 година.

Напомена: Обуката за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана и е бесплатна.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: krusevo@redcross.org.mk и во просториите на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Крушево, тел. за контакт: 071 379 920.

Кандидатите кои ги исполнуваат критериумите наведени во овој повик ќе бидат повикани на индивидуално интервју.

Јавниот повик и пријавата може да ги превземете на следниве линкови:

Јавен повик за негуватели

Пријава за негуватели

 

 

 

 

Извор: Општина Крушево

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...